#GeekRunner Windows Forms проект: Мила Стаматовска, Анастасија Рулева и Михаела Божиновска
- Идеја
Идејата за апликацијата ја добивме инспирирајќи се од "Chrome Dinosaur", играта која се појавува на Google Chrome секогаш кога немаме интернет. Покрај основните алгоритми кои ги содржи играта, додадовме и нови, дополнителни алгоритми со цел да создадеме поинтересна игра од веќе постоечката.
- Опис
Играта има три нивоа, при што со секое поминато ниво се менува карактерот. Со вклучување на играта, на играчот му се доделува карактер при што веднаш започнува со истата.
Со движење на карактерот, на патеката се појавуваат препреки (Комјутер, маус, рутер..), и со секоја успешно помината препрека се зголемува score.
Доколку играчот успее успешно да ја помине патеката од првиот левел, поминувајќи ги сите препреки, се појавува прозорец на кој пишува "Congragulations,you passed the level". Со кликање на копчето "Ok", играчот веднаш започнува со вториот левел каде му се доделува нов карактер и му се зголемува брзината. Истото се случува и кога играчот ке го помине и вториот левел, односно повторно добива нов карактер со уште поголема брзина.
Доколку играчот успее да ги помине сите левели без да се судри во некоја препрека, се појавува прозорец на кој пишува "Congragulations you finished the game".